РАДОСТ ЗА СВЕТИИТЕ- св.Гаврил Лесновски Светогорец (27.05.2016)
Ме испраќа до портата манастирска за дома. Одам десет чекори, не се вртам, а нешто ми вели: „обѕирни се назад“. И во тој миг, го гледам со кренати раце – како да слегува оган од небото. „Брат Живко, не се врти, оди напред, ајде продолжи!“, ми вели. Продолжувам, и повторно исто, сѐ додека не ме сокри од неговите раце. Ама тоа е видливо, а тој останува и понатаму со мене, сѐ додека нѐ грее.