Ретроспектива (2005-2020):Од книгата Духовна азбука од свети Димитриј Ростовски
Помисли, каде и во кое земно задоволство ќе најдеш мир и одмор? Каде ќе најдеш внатрешен мир и трајна радост? Можеби во славата? Но, денес си почитуван, а утре намразен. „Секој човек е трева, сета слава негова е како полско цвеќе. Тревата се исушува, цвеќето овенува, штом ќе дувне врз него здивот на Господ” (Ис. 40, 6-7). Но, можеби во богатството?