Понеделник од Четвртата седмица на Великиот Пост (04.04.2016)
Благодарете му, браќа, на божественото милосрдие за тоа што ви даде безбедно да ја достигнете половината на Четириесетницата. Но за овој дар достојно да Му заблагодарат можат само оние кои се труделе да живеат така како што бевме поучени во почетокот на Четириесетницата, односно оние кои се грижеа да испросат за себе отпуштање на гревовите со секојдневен пост, дела на милосрдие и посетување на богослужбите.