Срцето е почеток и корен на сите наши дела, учи свети Тихон Задонски. Што и да правиме во и надвор од нас, го правиме со срцето, било тоа да е Добро или зло. Со срцето веруваме или не веруваме; со срцето сакаме или мразиме; со срцето се смируваме или се возгордејуваме;
Архимандрит Павлос Пападопулос: Помоли се, остави сѐ на Бог и тргни напред!
Но човекот кој верува во Бог, кој се предава на Бог, не се плаши. Многу луѓе додека живеат во лоното на Црквата, пројавуваат слабост, се колебаат пред да донесат решенија. Затоа многу пати таа своја обврска ја префрлаат на духовникот. А тоа е грешка. Човек може да побара совет од духовникот, но решение во животот треба сам да донесе: