БОГ ПРОМИСЛУВА НАЈДОБРО
Од дамнини стигнува до нас следнава приказна. Еден крал имал слуга кој секогаш му велел: „Царе, не паѓај со духот, бидејќи сѐ што прави Бог е совршено и без грешка!“. Еднаш кралот отишол на лов, но бил нападнат од диво животно. Слугата го спасил кралот, но животното успеало да му откине еден од прстите. Царот рекол: „Да беше Бог добар, овој ѕвер немаше да ме нападне и да ми го скине прстот.“