ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБНАТА (МАЈКА) МАРИЈА ЕГИПЕТСКА (2))
Се принудував себеси да влезам, но попусто, бидејќи штом својата грешна нога ќе ја ставев на прагот, некоја неочекувана, невидлива сила веднаш ме спречуваше и јас се враќав назад во тремот. И така се обидував три - четири пати, но се беше попусто; не можев да влезам. Преморена од срам и изненадена, се повлеков настрана и застанав во еден агол од тремот на храмот. И кога едвај, малку се прибрав, јас се запрашав себеси: