Меѓународен симпозиум за Црквите во Романија, Грузија, Македонија и Полска (16.09.2017)
Во периодот од 12 до 14 септември 2017 година во Костанца, Романија беше одржан меѓународен симпозиум на тема: „Црквите во Романија, Грузија, Македонија и Полска. Форми на организација и лидерство низ вековите“, на кој учествуваа теолози, академици, универзитетски професори и научни истражувачи од повеќе земји, како и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент.