Старец Емилијан: Деца Божји – III дел
Гледај, во душите на децата си играат животот и смртта, верата и неверието. Бог секогаш правилно ќе ја одигра Својата улога. Ако и ние правилно ја одиграме својата игра пред децата, невозможно е тие некогаш да не се сретнат со Бога, макар и многу подоцна одколку што ние би сакале.