Смислата на составувањето на Символот на верата Отците ја гледале пред сѐ во искажувањето на единството на верата на вселенско ниво, но воедно во одбраната на верата од еретичките учења. Веќе самиот Никејски символ со своето недвосмислено искажување на верата во едносушноста на Синот со Отецот, стана образец на сите подоцнежни Соборски одлуки,
За душевниот мир – Св. Серафим Саровски
Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?