отец Фотиј: Тие се живи...
"За починатите не треба да чувствуваме тага,зашто тие се живи.Тоа се луѓе кои живеат во духовниот свет,каде нема димензии, луѓе кои стојат пред Христос.Сите сме живи во Христа,а ако тоа не го разбирате така,тогаш не одиме во иста Црква,но секако ќе го разберете на последниот суд."







Човекот, „херојот“ на сечие време, вообразениот господар над природата, самозамислениот творец на технолошкото „совршенство“, соочен со феноменот наречен ’смрт‘, со тој негов најголем кошмар, станува едно бедно, уплашено и крајно немоќно битие. Зашто, како што се изразил некој поет, „смртта вид нема, но сè што има вид на земно суштество – го проголтува“.
„Затоа што мислам дека сегашните страдања не се ништо во споредба со славата што ќе ни се открие.“ Зар во житијата на светителите не гледате со каков труд и пот тие се подвизувале во својот живот? Не можете ли да видите со колку крв и какви страдања тие го завршиле овдешниот живот? Зошто? За да Го здобијат Христос.
Со секој преглед на видеото,компанијата ке донира по 1 денар на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје. Послушајте,уживате,споделете и поддржете❤ Заедно да сме...
Времето се менува – од облачно кон сончево, од ведро кон врнежливо. Така е и со човечката природа. Понекогаш мора да очекуваш дека темни облаци ќе го прикријат сонцето. Дури и светителите имале свои мрачни моменти, часови, денови, па дури и години. Тогаш говореле дека се „од Бога напуштени“, за во нивната совест да го врежат сознанието дека сами од себе, без Негова помош,
Светите Отци едногласно велат: првото нешто што секогаш мора да го имате на ум е дека никогаш, и во никој случај, не треба се потпирате на себе си. Борбата што ви претстои е исклучително тешка, и целата ваша човечка сила е недоволна за да истрае во неа. Ако се потпрете на неа, веднаш ќе бидете “оборени на земја” и веќе нема да имате желба да ја продолжите борбата. Само Господ
Според преставниците од МАНУ, овој собир посветен на Мисирков има посебна улога и значење и негова основна задача е да се укаже на научните факти, кои треба да послужат како опомена за последиците доколку истите се игнорираат.
...цел живот сонувам како си одам од дома со брод, што ги носи скитачите на Запад (Рундек...) и цел живот вежбам, ако дојдам во ситуација да морам да бегам, да не носам куфер со себе, туку само основните работи, што се на мене – телото и духот... Душата ќе ја престорам во птица-пасош и со неа ќе ги надлетам сите граници...)
Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архиереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек по име Анастас и го крсти овој човек. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци
Бог ја бара од нас нашата автентичност и реално прифаќање на нашите егзистенцијални граници. Бог ја сака нашата човечност и искреност. Она што може да ни ја затвори вратата на Неговото царство нема да биде нашиот грев, туку нашето лицемерие и лага. Нашиот прикриен и откриен егоизам, кој верувајте ми, знае да се прикрие многу добро дури и во нашите очигледни добродетели.”
Душа тело не прашува
Фактот за Неговото Воскресение, Вознесението и испраќањето на Светиот Дух врз Апостолите е потврден и потпишан со крвта, телесна и духовна, на безбројните Маченици. Сите тие не умреле за некаков обичен учител или духовен водач. Никој, со здрав разум и правилна свест, не би
На 10.06.2021 година, во спомен на Вознесението Христово, настан што се случил 40 дена по Воскресението, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенослужители, отслужи Божествена Литургија во храмот„Свето Вознесение“ во населбата Драчево. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Петров.
За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради немоќните во верата, каков што бил апостол Тома на денот на Воскресението, за да им се даде и ним поткрепа со очигледно сведоштво. Свети Лука сведочи дека, воскреснатиот
























