Ѓоко ЃОРЃЕВСКИ: СТРАВОПОЧИТТА ВО БИБЛИЈАТА И ВО ДЕЛАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Честопати може да се забележи тврдењето дека е Стариот Завет заснован врз законот на стравот, додека Новиот Завет е закон на љубовта. Но, таквото генерализирање не остава простор за нијанси, кои секако постојат. Ако стравот во Стариот Завет и има посебна важност, во него, сепак, свои корени има и законот на љубовта, а од друга страна, пак, со новиот закон, стравот не е сосема укинат.