Нема потреба на Евангелието Христово, на Црквата Христова, да додаваме било што од некој поинаков светоглед, од некоја друга вера, бидејќи Црквата е повикана да го преобразува, а не да сообразува со светот. Понекогаш, во нашата желба да ја исполниме заповедта Христова, сите да ги љубиме, ние поаѓајќи од фактот дека постојат разлики помеѓу Евангелието и другите вери, сакаме да ги занемариме тие разлики, да ги потиснеме, како да не постојат.
Тие постојат, но секако тоа не е причина да го отфрлиме светот и да ги отфрлиме различните.
Напротив, повикани сме да ги љубиме, но со себе треба да го носиме Христовото Евангелие, Неговото Рождество, Неговото Крштение, Неговото Страдание, Распетие и Воскресение, да ги носиме со себе ПРАВИЛАТА на Евангелието, правила кои Тој ни ги постави како патишта на живот, да носиме со себе и ГРАНИЦИ кои го делат гревот од доблеста“.
Патријарх Порфириј
29.01.2023 лето Господово 2023
Од фб профиј на Јаков Илкоски