ЖИТИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ФИЛИП
Покрај Галилејското море, воблизина на Хоризин и Капернаум, се наоѓаше градот Витсаида (1). Во тој град се родија тројцата апостоли: Петар, Андреј и Филип. Петар и Андреј беа рибари и со тој занает се занимаваа додека Господ Христос да ги повика со себе. Филип пак, уште во младоста родителите го дадоа да ја изучува книжевната мудрост.