Зошто си тажен? Заборави дека Христос воскресна?
Значењето на ова е дека Христос е господар на сиот наш живот, и животот во светот, и дека ние не го ограничуваме Неговото воскресение меѓу камените црковни ѕидини. Христос е жив: Тој ни дава живот. Тој го воскреснува секој еден од нас од нашата мизерија и нашата тага. Христос влегува во натаженото срце, а не само во црковните ѕидини.