Јован не доаѓа овенчан со слава на голем и учен говорник, писател, научник. Тој доаѓа од пустината како човек во потполност посветен на Бога. И затоа луѓето повеќе му веруваат нему, отколку на учените, богатите и славните. А и тој не сведочи за себе.
Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците.
Господ да ни ја благослови годината што настапува!
Вадико, Господи Боже наш, Ти си извор на животот и бесмртноста. Создател на сите видливи и невидливи созданија. Ти си ги ставил времињата и годините под Твоја власт, Ти владееш над се’. Милостиво прими ја оваа наша благодарност и молба од нас, Твоите недостојни чеда и
“Црквата e трлo – вeли свeти Јoван Златoуст – акo си внатрe, вoлкoт нe влeгува; акo ли излeзeш, ѕвeрoвитe ќe тe растргнат… Нe oддалeчувај сe oд Црквата; нeма ништo пoсилнo oд Црквата. Црквата ти e надeж и спасeниe. Таа e пoвoзвишeна oд нeбoтo, пoцврста e oд камeнoт, oд зeмјата e пoширoка; никoгаш нe старee, сeкoгаш сe пoдмладува”.
Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина.
На 9.1.2024 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше на Светата Божествена Литургија во храмот „Света Петка“ во населбата Црниче.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Твоето учење се рашири по целата земја, и таа го прими твоето слово; преку него си поучувал долично за Бога, си ја појаснил природата на Света Троица, и си го поправил однесувањето на луѓето. Светителу со царско име, отче преподобни, моли го Христа Бога, да ги спаси душите наши.
Ти гледаш во тој пат: растенија, животни, вода, суша, луѓе и што ли не достојно за окото – ќе му се порадуваш и одминуваш. Понатаму, сретнуваш камења, пропасти, трња, скали, ѕверови и што ли уште не непријатно – ќе потажиш за тоа и го продолжуваш патот. Тоа е животот – тој нема задоволства постојани; ниту, пак, болки бескрајни.
Не тврди дека не можеш да постиш, наведувајќи ја како изговор болеста или телесната немоќ, бидејќи од друга страна, целиот свој живот го мачиш телото со прејадување од лакомост. Знам мошне добро, дека лекарите многу почесто им наложуваат на болните скудна диета и пост одколку разновидна и обилна храна.
И тоа е доволно.Тоа ќе биде тивка песна на срцето,која ќе ги помине небесата
и ќе дојде до самиот Бог.
Да си разјасниме самите на себе што за нас направил Господ
и ќе видиме колку ќе биде природен тој восклик.
Некој од светите луѓе реколː „Телото му станува пријател на гревот, кое се плаши од искушенија, се плаши да не дојде до крајност и да не биде лишено од својот живот“. Затоа Светиот Дух го тера да умре и на подвижникот му внушува да се предаде себеси на смрт. Зашто знае дека, ако не умре, нема да го победи гревот. Ако некој сака во него да живее Господ, тој го принудува своето тело да Му служи на Господа
Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари.
Да бидете многу чувствителни е биолошка склоност која го отежнува препознавањето на конкретните чувства.
Еден пример за пречувствителен човек би можел да биде некој ваш колега на работа кој погрешно протолкувал некоја ваша гестикулација. Освен тоа што ќе се налути и ќе „експлодира“
Ако е точно дека молкот е јазикот на светот што доаѓа, тогаш праведниот Јосиф Обручник е човек од времето што доаѓа. Во Евангелијата не е запишан ниту еден од неговите зборови, не е споменат ниту еден негов разговор. Само неговите помисли и дела се опишани. Тој ѝ пристапува на Тајната на неискажливото снисходење на Синот и Словото Божјо со восхитување, набљудување и молчење.
Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по