логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Kanonizacija.Slepche4

Известување по повод канонизацијата на

Светата преподобномаченичка

Стефанида Битолско-Скадарска

 

Date: 2024-06-17 20:35 From: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. To: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Почитувани,

           Ве известувадме дека 29 јуни (сабота) е особено важен ден за правосланите христијани, бидејќи во Слепченскиот Манастир посветен на „Свети Јован Претеча“ ќе започне прославата за канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска.

Kanonizacija.Slepche2

            На вечерната богослужба со почеток во 17ч. ќе биде отслужен последниот парастос за Преподобната Стефанида. Во манастирскиот храм, верниот православен народ ќе има исклучителна можност за прв пат да ја целива иконата на Светата Стефанида, а исто така, и нејзините свети и чудотворни мошти кои ќе бидат изложени за поклонение.

 

               На 30 јуни (недела) во соборниот храм „Св. вмч. Димитриј“, со почеток во 9ч. ќе започне Света Архиерејска Литургија, со објавување на Одликата на САС на МПЦ-ОА, за впишување на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите.

Kanonizacija.Slepche1

              Светата преподобномаченичка Стефанида, да се застапува пред Бога за укрепување на нашиот верен македонски православен народ! Сестринството на Слепченскиот Манастир Во продолжение го пренесуваме краткото житие на оваа преподобномаченица, од новоиздадената книгата „Јас освен Христа ништо немам – Света преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска“ подготвено од Сестринството на Манастирот Св. Јован Претеча, Слепче, Демир Хисар.

 

Кратко житие на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска

                   За оваа Христова богокопнежлива душа, Стефанида, се искажани зборовите Христови: „… но, има и такви што се скопени само заради царството небесно. Кој може да прими, нека прими“ (Мат.19,12), бидејќи од младоста постана сад избран на Бога, и непоколебливо поита да одговори на Неговата љубов и промисла. Стевка се роди во 1887 година во селото Врака кај Скадар, од татко Андрија, имотен и угледен, и мајка Јована, скромна и набожна. Малата Стевка без двоумење одговори на повикот на својот Женик Христос уште од својата седма година, кога таа „престана да излегува меѓу децата, да ја чува стоката, престана да зборува и постојано се повлекуваше во куќата, во тишина, таму каде што има помалку луѓе и средби“.

             Тоа што во неа се случи, беше привлекување на благодатта Божја, кое ја повика во потрага по тишина и оддалечување од сѐ надворешно, со стремеж да се слушнат и видат скриените длабочини на душата кои водат во познание на Бога. Нејзиното однесување предизвика загриженост и страв кај родителите и тие ја однесоа во Манастирот на Светиот Василиј Острошки – Острог, како и во Манастирот на Свети Симеон Дајбабски, барајќи помош во светителските молитви за своето дете, отворајќи ѝ со тоа пат на Стевка, потоа најмалку двапати годишно, таа да ги посетува тие места, пројавувајќи желба постојано да пребива покрај кивотот на Светиот Василиј, вознесувајќи тивки молитвени разговори. На едно такво патување за манастирот Острог по Скадарското езеро со брод, започна страшна бура која го зафати бротчето. Ноќта почна да се спушта и настана плач и паника во народот на бродот и сите почнаа да се плашат од опасноста секој миг да бидат проголтани од езерските бранови. Единствено Стевка остана мирна и собрана. Се обрати кон народот на бродот велејќи: „Не плашете се луѓе, ако е со нас Бог, а Бог со нас е, ништо не може да ни се случи!“

              И, како некогаш на Галилејското езеро, кога Христос се појави и ја смири бурата, така и сега бурата стивна, бидејќи Христос беше Жив во верата на оваа слаба девојка.Родителите нејзини како добри христијани, исполнувајќи ја заповедта Господова: „Оставете ги децата и не бранете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“ (Мат.19,14) и ѝ изградија мала куќичка надвор од селото, во близина на храмот на Пресвета Троица. Во неа, Стевка уште повеќе го разгори својот подвиг во пост и молитва, во тишина и Богомислие. Стевка никогаш не посетуваше училиште, на околу дваесет и пет години во 1912 година, сама научи да пишува. Деновите ги минуваше во ракоделие, украсена со скромност и тивкост, правеше рачни изработки, везеше и плетеше.

             Но, подоцна и тоа го остави и се предаде само на читање. Го научи и црковнословенскиот јазик, и тоа беше сѐ од нејзиното школување. Кога ја прашуваа зошто така прави, различно од сиот свет, таа одговараше: „Јас поинаку не можам!“.Во 1933 година, 250 српски семејства заедно со епископот Скадарски Виктор беа принудени да го напуштат Скадар, меѓу кои и Стевка заедно со нејзините. Се населија во Метохија во Дреновец кај Манастирот Дечани. Таму таа го продолжи својот подвиг повторно во одвоена куќичка. Спиеше на штици со едно ќебе. Спиеше многу малку: никогаш не можеа да ја затекнат во креветот. Стевка го посетуваше често Мaнастирот Дечани, стоеше покрај столбот во правец на кивотот на Свети Стефан Дечански, таму се причестуваше со Телото и Крвта Христови, најмалку еднаш неделно, а често и повеќе пати.

            За нејзе, најголема несреќа беше ако не се причести, тоа постана сета вредност на нејзиниот живот. Бидејќи не сакаше да зборува, своите исповеди пред Светата Тајна Причест ги пишуваше и предаваше на епископот Скадарски Виктор, нејзиниот духовник уште од Скадар и Врака.За сведоштво дека таа Христа Го имаше Жив во своето срце, Господ ни ги остави нејзините „Исповедни писма“ испратени до духовникот. Во писмата ни се открива дека таа со духот се доближува до преподобните отци и мајки уште од првите векови и ни потврдува дека Духот е „Ист, вчера и денес и во веки“ (Евр. 13,8). Преку „Писмата“ ја запознаваме нејзината духовна длабочина и сознание, но и даровите од Бога и опитот од нејзиниот личен подвиг. Преку „Писмата“ добиваме силна поука од онаа која го возљуби молчењето и тишината заради општењето со Бога. Запаметени се нејзините зборови: „Па нека се случува сѐ и сешто на овој свет, нека се врти и превртува, мене од Христа никој нема да ме раздели! Бидејќи се смилува и милоста Своја ми ја дарува, и целата беда на враговите ми ја покажа, а и слобода ми дарува, кога лукавите ќе дојдат јас секогаш од себе празни да ги враќам“. „…Затоа Господи ми е целосно потребна мојата желба – да незнам и да не гледам ништо од овој свет, бидејќи немам во себеси никаков мир од овој свет. Бидејќи ова, Господи мој, ова ми е целиот свет и живот, да Ти зборувам и да Те примам…“.

Во Манастирот Дечани таа се запозна и со Светиот владика Николај Жички, кој ја повика во Манастирот Жича, ако сака таму да остане. Во Жича престојуваше три дена. Живееше во Дреновец, додека не му кажа на својот брат Стефан дека има желба да оди во манастир. А потоа, во 1940 година, одлучи да замине во Македонија и тоа на предлог на Надежда Аџиќ, раководителката на Домот за деца „Богдај“, односно, на нејзините упорни молби, Стевка замина за Битола.

       Подвигот свој, на постојано богомислие и молитва, го продолжи и во „Богдај“, живееше малку одвоено, во засебна куќичка во дворот. Сестрите кои живееја таму за неа препознаа дека е голема испосничка, јадеше само леб и чај, никогаш не вкусуваше вариво, се причестуваше секоја недела, со никого не зборуваше, го љубеше молчењето. Кога ја прашуваа сестрите:„Зошто ти за ништо не разговараш, сестро Стевка?“ таа малку се замислуваше и одговараше: „Немам за што“. Целиот нејзин живот беше за присутните како сенка, тивок, незабележан, како да постои и како да не постои и не се гледа, и уште подобро, никој не го препознава, како што кажа Свети Симеон Студит за подвижникот: „Како да постои со телото, а не постои со духот, и никој да не го гледа освен оние кои се со чисто срце во Духот Свети, а да биде непознат бидејќи ништо со никој нема.“

 

Kanonizacija.Slepche3

 

            Со влегувањето на бугарската војска во Битола 1941 година, Надежда Аџиќ се врати во Србија, а Стевка остана во Богдај. Стевка беше замонашена од стариот архимандрит Григориј, а сестрите од Манастирот Врачевшница: монахиња Стефанија, монахиња Аполинарија и монахиња Ефимија, кои претходно беа со Света Стефанида во Битола, сведочат дека: „Сестра Стевка не сакаше да облече монашко одејание и само велеше ‘Не сум достојна’“. Но кога отец Григориј ѝ кажа дека тоа е добро за прошка на гревовите, таа рекла само: „Добро“ и послуша, примајќи монашки образ, иако целиот нејзин живот беше: „…ангелски живот…, …непрестајно присилување на природата и неуморно бдеење над своите сетила. …посветено тело, очистена уста и просветлен ум. …преболна душа, постојано зафатена со сеќавањето на смртта, било да бдее било да спие“, и прими ново име Стефанида и свој небесен прокровител во ликот на Светиот крал Стефан Дечански.

                  За неа, како сведок на Првата светска војна, Балканските војни, прогонот од Скадар и Врака, Втората светска војна, како и сите световни случувања и настани не постоеја, ниту пак некаде беа забележани од неа. За тоа ни сведочи и самиот нејзин крај, бидејќи „не ја испочитува дадената наредба за затемнување на градот Битола“. За какви световни наредби и уредби би можел да знае оној кој е целосно потопен во потрага по присуството Божјо? По издавањето на наредбата за потполно замрачување на градот, во ќелијата на Светата Стефанида вообичаено гореше кандило кое Светата никогаш не го гаснеше, и пред кое што се молеше, но со тоа, таа ја прекрши наредбата. И на Велики Петок, кога преподобната принесуваше молитвени воздишки и се сеќаваше на Христовите страдања и на Крсната смрт на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, окупаторски војници влегоа во нејзината ќелија „ја искршија сијалицата, го истурија кандилото и крвнички ја претепаа“. Ја тепаа толку многу, што плафонот и ѕидот беа целосно во крв, после тоа ѝ се отворија рани, а очите не ѝ се гледаа од отоци. Целата отечена и облиена во крв се довлечка кај сестрите, и кога ја прашаа што се случи, таа одговори: „Ме посети ѓаволот“. Во нејзиниот одговор одекнува голема, одамна заборавена, евангелска поука, дека човекот нема друг непријател освен демонот и самиот себе, односно, неговите страсти.

                 Во тоа сознание светата живееше, неприфаќајќи ни мисла, ни помисла против човек. И удостојувајќи се да претрпи страдање во тој велик и страшен Петок, Го подражаваше Господа на Крстот: „Оче, прости им, оти не знаат што прават.“ (Лк. 23,34)Светата Стефанида ја предаде својата душа на Господа, на Велики Петок, на 1/14 април во 1944 година.

                      На Велика Сабота ја погребаа во Крстоарскиот Манастир Свети Христифор, над селото Крстоар, над Битола. За да биде во неделата на Воскресение со Господа, влегувајќи во радоста Негова, по Кого сиот живот воздивнуваше: „Христе мој животе!“ „Без Тебе ништо живо, не може живо да биде!“ и „Смрт со Тебе нема, туку небесна светлина и вечно веселие…“.

                     Во летото 1998 година во Крстоарски Манастир, на место до храмот на Светиот Христифор, од каде што повеќе пати се ширеше благоухание, сестринството чудесно ги пронајде нејзините свети мошти. Во октомври 2019 година, со благослов на Високопреосветениот Митрополит преспанско-пелагониски г. Петар, моштите на Светата преподобномаченичка Стефанида беа пренесени во Слепченскиот женски Манастир посветен на Свети Јован Претеча, каде што свечено беа положени во кивот и до денес изливаат телесни и душевни исцеленија на сите оние кои со вера ѝ пристапуваат. По нејзините свети молитви, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нѐ и спаси! Амин!

 

Kanonizacija.Slepche

Св. Јован Крстител, с. Слепче, Демир-Хисарско

 20.06.2024



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная