Старец Гервасиј Агиорит - Повредливоста е параметар на големото „его“
Еве како ќе знаеш дали си жртва на неправда, на другите луѓе, на зависта, на околностите или на било што друго. Ако си вистинска жртва ќе имаш радост, голема и непоматена радост и мир во себе. Ако се гушиш во „неправдата“ која луѓето и животот ти ја нанесуваат, запамти добро, ти си жртва, но жртва на својот карактер, на својата суета, на себељубието и саможивоста.