Свети Климент Охридски- Слово за страдањето и мачеништвото на Свети Јован Претеча и Крстител
Кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, Ирод четворовласникот[1] го побара Младенецот за да го убие. Но ангел Господов му јави на Јосифа да Го земе Младенецот и Неговата Мајка, и да оди во Египет.[2] Јосиф така и направи. Кога тој отиде таму со Детето и со Мајка Му, бидејќи Исус не беше најден, Ирод нареди да бидат убиени децата во Витлеем.[3]