Чудо на старец Гаврил Ургебадзе: „Ќе те чекам во Самтавро“
„Во Фебруари 2010 година, мојот помал син се онесвестил на училиште. Наставникот викнал брза помош и моето дете навреме било однесено во болница. Кога стасав во болницата и го видов мојот син во многу тешка состојба и самата се онесвестив. Кога се освестував и ги отворав очите видов свештеник во црна мантија над мене кој им помагаше на сестрите од болницата. Наеднаш ме погледна и ми рече дека ќе ме чека во Самтавро. Во тој момент не обрнував внимание ни на него ниту на неговите зборови.