Венчавка во храмот на св.вмч. Димитриј- Скопје (22.07.2023)
Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење.
Овој пат е долг и трнлив,
Колку и да правиме надворешни подвизи, ако немаме едноставност на умот и смирение во срцето ќе останеме без учество во Благодатта. Духовната промена се случува од внатре кон надвор, а не обратно. Со менување на надворешното однесување или навики без промена на умот и срцето не постигнуваме ништо.
Ни се чини дека во бракот се венчаваат двајца. Но, не се двајца, туку тројца. Мажот ја зема жената, а жената мажот. Но двајцата Го земаат Христа. Според тоа, тројца учествуваат во Тајната и од тогаш низ животот, тие биваат и остануваат тројца. Зборот „тајна“, на латински е преведен како sacramentum, што значи заклетва. Значи, бракот е заклетва, соединување, поврзување. Тоа сега веќе е постојан однос, врска со Христа.
Има и еден друг вид искушенија. Тоа се искушенијата поради малодушност и недостиг на трпеливост. Секоја тешка положба и секоја жалост, ако немаме трпеливост, водат кон двојно измачување, бидејќи трпеливоста во човекот ги одбива страдањата, а малодушноста е мајка на измачувањето. Трпеливоста е мајка на утехата и сила која му дава широчина на срцето.
Денес, како и секој ден, како и секој христијанин што е свесен за своите гревови, и јас размислував за милоста Божја.
Се восхитував на несразмерноста на Божјата милост во однос на нашите гревови.
Ем грешиме, ем милоста Божја токму тогаш нѐ наградува.
Си велам во себе – што ли ќе беше ако бевме некои праведници? Како потоа да не благодариме?
Немојте пасивно да гледате и да треперите од страв,
туку употребете го Божјото оружје против силите на темнината
кои сакаат да ја уништат жетвата...
Еден духовник ми кажа...
На избраниот подвижник на Панагуда и благомиризливиот мироточец, плод на Кападокија и буден застапник, да воспееме заедно. Подражавајќи го ангелското житие, на Троица Света И' благоугоди, затоа и повикуваме:
Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!
Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој број, обработивме многу нови душеполезни теми, од кои ќе може читателската публика ќе пронајде поука.
Се надеваме дека и овој празничен број на „Православна Светлина“ ќе биде радосна вест за сите верници
Ако некој тогаш, во тој септември пред дваесет и три години ми кажеше дека по дванаесет години сепак Милан Кундера ќе седи спроти мене и ќе ме праша – зошто сум ги позајмил имињата на неговите ликови, сигурно ќе мислев дека човекот има смисла за фантастика. Но ете, јас, дванаесет години подоцна сепак седев спроти Кундера,
Св. Григориј Богослов вака го објаснува ова: „Не успевам да го замислам Едното, а веќе ме озаруваат Тројца; не успевам да ги разделам Тројцата, а веќе се вознесувам кон Едниот… Кога со умот ги спојувам Тројцата, гледам една Светлост, бидејќи не можам да ја разделам или измерам едната соединета Светлост“.
Првите податоци за неговиот живот се поврзани со Троицко-Сергиевата лавра, која најверојатно била негово прво училиште. Неговото световно име не е познато, а во „Преданието за светите иконописци“ е наречен Радоњешки: «Преподобен отец Андреј Радоњешки, иконописец, наречен Рубљов, насликал многу свети икони, сите чудотворни»
Кога зборува за Светиот Дух, Символот повторно станува краток и збиен, бидејќи за третото божествено Лице, кое ни дава живот, конкретно и историски, малку работи можат да бидат кажани. Неговото дејство е секогаш скриено и таин-ствено. Третиот ангел, како и првиот е од три четвртини. Бојата на неговата облека ја симболизира силата на животот. Зелената, која доминира, ја изразува младоста, животната сила која дава да расте и да постои секое нешто.
Да се биде христијанин, значи да се познава сопствената вера односно да се живее светото крштение, коренот на нашето воскресение и спасение преку кое сме ја примиле благодатта на Светиот Дух и сме станале членови на Црквата т.е. православни христијани. Но...