ПРОТИВОТРОВOT НА ГОРДОСТА
При сето тоа, апостол Павле го нагласува спасоносното значење на тешкотиите - за што сведочат и светителите. „Повисоко од благосостојбата е искушението“, афористички вели свети Григориј Богослов. А на друго место: „Душата што се бори е блиску до Бога“. Тешкотиите што Бог толку милостиво ги дозволува се уздите на нашата самобендисаност.