о.Сашко Николовски - Недела триесет и втора и триесет и четврта по Педесетница
Сите ние, треба длабоко во себе да ја осознаеме нашата огревовеност и духовно несовршенство, па со срце скрушено и со мисла покајничка да посакаме да Го видиме Господа. Да ги отвориме нашите духовни очи, за да ја видиме Божјата семилостивост и љубов кон сите нас. Да Го побараме Бога во нашите души, како што Он не бара нас, кога сме загубени во гревот и злото.