логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Во првата молитва за верните од светата Литургија свештеникот се моли со зборовите:

Ти благодариме Господи Боже на силите, Кој си нè удостоил да застанеме сега пред Твојот свет жртвеник и да паднеме пред Твојата милост за прошка на нашите гревови и за гревовите на народот, направени во незнаење. Прими ја, Боже, нашата молитва, направи да бидеме достојни да Ти пренесуваме молитви и молби, и безкрвни жртви за сите твои луѓе; и нас; кои што си не поставил преку силата на Светиот Твој Дух на оваа Твоја служба, удостој нè неосудено и непречено со чисто сведоштво на нашата совест, да Те повикуваме во секое време и место, та откако ќе не услишаш да бидеш милостив кон нас поради обилната Твојата добрина.

Овие зборови го покажуваат правилното настроение на човек кој стои пред Бога. Прво Му благодариме на Бога за големиот дар, што ни дал можност да стоиме пред Него, да зборуваме со Него, да Му ги упатиме нашите прозби. Молитвата ни покажува со какво чувство треба да стоиме, кога се молиме. Господи, Боже на силите – чувството дека се наоѓаме пред Семоќниот Бог, Нашиот творец, Кој сè создал од ништо, е основен предуслов за молитвата  (воопшто) не само на светата Литургија. Секој пат кога се молиме, кога го призиваме Бога, треба да го имаме чувството дека разговараме со Бога на силите.

Се чувствуваме како луѓе кои имаат непосредна потреба од Божјата милост, од Неговото милосрдие, љубов, бидејќи сме толку слаби, несреќни и повредени од гревот, слабостите и страстите т.е. без никаква сила да се спротиставиме на погибелта на гревот која нè задушува. Затоа паѓаме пред нозете на Бога, се потпираме на Неговото милосрдие и Го молиме за нашите гревови, како што и свештеникот се моли за своите лични гревови и за гревовите на Божјиот народ, направени во незнаење.

Кога ќе застанеме пред Бога, треба да имаме предвид дека ниедно лицемерие не може да опстане пред лицето Негово.Стоиме соголени пред Него, исповедаме дека сме полни со гревови, како и свештеникот, бидејќи и тој исто така има свои гревови – никој свештеник не е безгрешен, никој човек. Сите ние имаме сопствени гревови и затоа кога свештеникот се обраќа кон Бога, тој ги исповеда и мноштвото свои гревови како застапник, посредувајќи пред Него за Божјиот народ. Свештеникот сепак не зборува директно за гревовите на народот – тој нема право да каже така, но се моли за направените во незнаење гревови т.е. за согрешенијата кои човекот ги прави несвесно. Како што добриот родител го заштитува своето дете кога тоа ќе направи некоја грешка и вели за да го оправда: не замерајте, не го земајте во предвид, тоа не знаеше, направи грешка без да сака. Така и отецот, свештеникот, имајќи татковска љубов кон луѓето, Му вели на Бога, дека гревовите на народот се направени во незнаење, а не од злоба, ниту злонамерно.

Некој ќе се воспротиви, но зарем во незнаење грешиме? Е, не ќе да е така. Многу од нашите гревови не се во незнаење, туку се сосема свесни, некои од нив дури и смртоносни гревови, но смирениот дух и етос пред Бога не дозволува да кажеме дека тоа е грев. Многу пати сме велеле дека човекот кој има духовни очи, не ги гледа кај другите луѓе гревовите и лошите работи. Во онаа мера во која ги гледаш пороците кај другите, треба да знаеш дека толку и твојот вид е нарушен, но ако го исцелиш ќе престанеш да ги гледаш пороците на својот ближен. Ако стекнеш добро око, тогаш сè околу тебе ќе е добро, сите ќе се добри. Нивните постапки ќе бидат добри. И ако евентуално гледаш дека прават грешки, за сето ова секогаш ќе имаш оправдувања. Само за една работа немаш оправдание – за твоето сопствено јас, што ги прави гревовите. Нашиот ближен не е грешен, туку свет, невин пред Бога, и ако евентуално направил нешто, го оправдуваме и велиме дека го направил, бидејќи не знаел.

Тој момент од молитвата е многу важен. Пред лицето Божјо треба да стоиме во полно смирение, бидејќи ја просиме Неговата милост. Многу луѓе се жалат дека не одат во црква, бидејќи таму сите ме гледаат. Веднаш штом влезам во храмот, сите почнуваат да ме гледаат и затоа не одам. Често ги слушам овие зборови. Не знам дали тоа е точно, но вистина е дека во храмот ние често пати не се гледаме себеси, не сме како митарот кој се гледал единствено себеси и Му зборувал на Бога во своето срце. Нас не опфаќа таква расејаност, такво невнимание што и себеси си штетиме и другите ги соблазнуваме со нашето љубопитство. И веднаш штом во храмот ќе влезе некој немоќен наш брат, нашите љубопитни очи ќе го испитуваат од глава до петици икај него ќе создадат впечаток дека сме го набљудувале и “провериле” со поглед. Но не е оштетен само оној кој влегува во храмот туку пред сè  ние самите си штетиме себеси, бидејќи човек кој е свесен за своите гревови и чувствува потреба од Божјата милост, нема желба да ги гледа другите, ниту тој до него, ниту околу него, ниту го интересира што прават тие.

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная