Онколошка депресија – предодвраќање од самоубиство на тешко болни луѓе (14.05.2015)
Тешката болест – секогаш е искушение за човекот. Тоа е, ако сакате, испит за цел живот. Се сеќавам на еден случај, кога Серафим Сарофски го утешил еден монах, кого го нападнало силно униние. „Ах, кога би знаел – рекол старецот – каква радост, каква наслада ја очекува душата на праведниот на небото, ти би одлучил во овој времен живот да поднесеш секакви маки, гонења и клевети со благодарење.