логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 DSC_4942

Ваша екселенцијо,почитуван г. Олег Николаевич Шчербак и

Почитуван г. Константин Берсењев

Денес[1] ќе примите одличија, коишто во името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, едногласно ви ги доделивме со браќата членови на Светот архиерејски синод. Ќе примите скромен дар како признание за вашиот голем придонес во подобрувањето на односите меѓу нашите држави, народи и Цркви.

Во Република Македонија доаѓале и порано, а ги има и сега, дипломати од многу земји, од држави со најразлични уредувања, со различни национални и верски припаѓања. Имало и има дипломати и од сите православни народи. Но никој како вас и никој колку вас не ја виде, и не ја разбра и не ја доживеа нашата македонска национална и црковна вистина. Вие како никој друг покажавте што може и што треба да направи еден дипломат кога се во прашање и меѓу државните, па и меѓу црковните односи. Вие со конкретни чекори ја посведочивте потребата од подобрување и зајакнување на врските меѓу македонското и руското православие! Покажавте и колку се длабоки и колку се долги духовните и културните релации меѓу нашите народи и цркви.

Гледајќи ве вас, а преку вас и руското православие и Руската црква, си велам колку е голема и спасоносна одлуката на кнезот Владимир да го прими христијанството, да го покрсти великиот руски народ. И сега, од временска дистанца од 1000 години, можеме ли да замислиме што означи изборот на светиот кнез да Му пријде на Христа, што тоа значеше за Црквата Христова?! И што светот доби и добива со христијанска Русија и со руското православие?

Минатото и сегашноста и многу настани во историјата, а пред сѐ верата православна, направиле и прават нашите народи и Цркви, не само да бидат блиски, туку и да се ородени. Од верата се раѓаат довербата и пријателството меѓу луѓето. Верата нѐ утврдува во знаењата и со неа добиваме сознанија и за најголемите далечини. Но личноста Христова правела и прави нераскинливи врски меѓу луѓето и народите. И нема поголемо пријателство од пријателството во Христа. Преку Него, преку Христа, и ние ги разбравме вистинските вредности и смислата и целта на животот. И само преку Христа можеме да бидеме вистински пријатели. И ќе останеме вистински пријатели и вистински блиски толку колку што Христа ќе Го носиме во себе и ќе постапуваме според Неговото свето Евангелие.

За верата нема далечини и близини! Единството во Христа ги надминува сите растојанија! Оние што се со Христа – каде и да се – со Христа се! А нас, покрај личноста на Богочовекот, нѐ врзуваат уште многу богољубиви и човекољубиви личности. Пред сѐ делото на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, светите Климент и Наум и нивните наследници. Создавањето на азбуката и првите преводи на Евангелието и богослужбените книги се дела со епохално и цивилизациско значење. Светите Браќа веруваа дека секој јазик ќе Го исповеда Бога (Рим. 14, 11), па јазикот говорен во Солунско стана јазик на нивната мисија, во богослужбата и проповедта, јазик на кој пишуваа и преведуваа, јазик на кој се разбираа од Солун и Охрид, до Моравија, па сѐ до Киев и Владивосток. И тој јазик, еве и денес, е еден од столбовите врз кои се потпира нераскинливата духовна и културна врска меѓу нашите народи и Цркви.

Единството во Црквата Христова било и треба да биде најголемата нејзина сила. И колку е поединствена, толку е и посилна! Денес меѓу православните Цркви, па и меѓу православните народи воопшто, најмногу се говори токму за потребата од поголемо единство во Црквата Христова. И до него, до единство, може да се дојде само од оние коишто вистински ја живеат верата! Па Христос е истиот и вчера, и денес и засекогаш! (Евр. 13, 8), и само преку Него можеме сѐ (сп. Фп. 4, 13). Живеењето со верата значело единствена можност да се опстои и во периодите на страдањата во првите и во сите времиња до денес. Оттаму, потребна ни е жива и доживеана вера, оросена со силата на Светиот Дух и исполнета со љубов кон Бога и луѓето.

Ние во Македонската православна црква – Охридска архиепископија, покрај сите неправди, страдања и потурнувања што сме ги доживеале и ги живееме  - благодарни сме Му на Бога за сѐ (Еф. 5, 20). И им благодариме на сите коишто ни подаваат рака и не забораваат на делото и местото на Климентовиот Охрид и на Павловата Македонија.

Ви благодариме и вам, што и покрај вашите дипломатски активности и обврски, најдовте начин, како луѓе на верата, а секој од вас, како што и ви доликува – со руската душа, да ни помогнете во овие времиња преполни со искушенија, времиња во кои е потребно да се најде човек (Јн. 5, 2), вистински човек, за да ги разбере нашите оправдани потреби.

Во вас, почитувани, најдовме токму таков човек! И ви благодариме за сѐ! Милостивиот Бог нека ве награди за трудот и љубовта ваша! Амин!

 

Извор: Скопска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Православен календар

 

28/04/2025 - понеделник

Св. апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Св. маченик Сава Готски; Св. маченички Василиса и Анастасија;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 27 април/ 14 април  2025

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 27 април/ 14 април 2025

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная