Сестра Васа: Покајанието како постојано рефокусирање (22.08.2015)
– Кога говорите за споменувањето во Црквата, како покајанието се вклопува во тоа споменување?
Како прво, покајанието е промена на правецот. Веројатно ви е познато, дека на грчки μετἀνοια значи „промена на умот“. Тоа не е нешто што се случува еднаш и вие продолжувате да живеете понатаму. Тоа е постојан процес. Сите ние сме „на работа“. И светиите, исто така, биле. Ние постојано го поправаме нашиот фокус.