с.Маркова Сушица- манастир на св.вмч Димитриј
[youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=7k_EK2MU-uY[/youtube]
Глас четврти:
Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите Го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се исполнување на промислата на Создателот!
На 4- ти декември 2015 година, во дваесети шестата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува празникот на Воведение на Пресвета Богородица, во женскиот манастир во Маркова Сушица, посветен на св.вмч.Димитриј, јеромонахот Атанасиј Арсоски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј Сахаров
Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.
Преминпортал (к.т.)