Свети Нифонт Епископ Кипарски - За тајната смисла на БОЖЕСТВЕНАТА ЛИТУРГИЈА
Кога го читале Евангелието, златен дожд ги осветлил сите присутни како да се пролеал на нив, неговите капки се слевале во срцата на оние кои во тоа време се молеле на Бога и го слушале Светото Писмо. Кога се произнесувала ектенијата за огласените ,,Огласени излезете“, Свети Нифонт видел како Ангелите ги изведувале од храмот оние кои во храмот се однесувале недостојно, ги ваделе нивните души, па оистанувале само телата, мртви како трупови.