Архимандрит Захариј од Есекс: Духовното раководство како служба на помирување меѓу човекот и Бог – II дел
Духовниот отец се труди да им го доближи словото Божјо на оние што доаѓаат кај него. Ова слово е семе на вечниот живот. Ако биде прифатено, како што веќе рековме, тоа го расекува срцето како меч и не дава почивка; сепак, тоа го обновува целиот човек и го подготвува за царството небесно. Ова расцепување и напрегање, кои ги создава словото Божјо, никако не смеат да бидат смирени или потиснати од духовниот отец.