Изложба на свештени предмети од ризницата на Бигорскиот манастир во МАНУ, во чест на 1000- годишнината
Изложбата ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во присуство на претставници на Владата, дипломатскиот кор, како и митрополити на МПЦ-ОА, и тоа: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј. Присутни беа и повеќемина свештеници на нашата света Црква. Свое пригодно слово имаше и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.