Архимандрит Клеопа (Илие) († 1998):Што е тоа смирение и како се раѓа? (втор дел)
Смирението е толку голема добродетел, што самото без други добродетели може да ни ги отвори вратите на Царството Небесно, како што е речено: „Покајанието ги подига паднатите, плаче пред небесните порти, а светото смирение ги отвора“. Смирението – тоа е единствената добродетел која не можат да ја подражаваат демоните. Тоа е источник на самопонижување што го штити човекот од паѓање.