Храмот на животот, денеска вечен живот прима и се преселува кај својот Син и Бог
Света Богородица, со својата скромност, смиреност, послушност и понизност, ќе се удостои да биде мајка на Оној Кој што е поширок и поголем од вселената, Творецот на сè. Всушност, уште Предвечниот совет на Светата Троица, во неа ќе виде можност за реализација на спасението на човечкиот род и основање на светата Црква. Таа е избран сосуд Божји, преку кој се реализира домостројот на спасението на родот човечки.