Граница на слободата на христијанинот е љубовта: Јоанис Каравидопулос
Во сè што пишува, апостолот не мисли на индивидуалниот христијанин, но на заедницата на браќата и совеста на другиот. Во 1Кор. 10,29 јасно вели: „кога зборувам за совеста, не зборувам за совеста твоја, туку на другиот“. Со кое било дело на христијанинот, колку и да е тоа резултат на неговата слобода во Христа, доколку ја соблазнува совеста на послабиот брат, тој го навредува искупителното дело на Христа. „Поради јадење не уривај го делото Божјо“, им пишува тој на Римјаните (14,20), каде што бил соочен со истото прашање.