Преп. Пајсиј Светогорец: Пријатни настани со старец Теофилакт
Старците од оваа област велеле дека старецот Теофилакт бил голем пријател дури и со дивите животни, кои ја чувствувале неговата љубов и кои доаѓале до неговата колиба кога имале некаква мака. Еден елен, со скршена нога, дошол до колибата на старецот, завивајќи од болка и ја испружил скршената нога кон старецот. Тој му дал малку двопек да јаде додека да припреми две штички од