Старец Пајсиј Светогорец- СЕГА Е ДУХОВНА ВОЈНА
Рамнодушноста кон Бога, носи рамнодушност кон сè друго; носи морална дегенерација. Верата во Бога е голема работа. Кога човекот верува во Бога, тогаш ги сака и своите родители, своето огниште, своите роднини, својата работа, своето село, општината, својата држава и татковина. А, некој што не Го сака Бога и своето семејство – не сака ништо, затоа што и татковината е едно големо семејство...