Старец Никон Светогорец - НА ТАВОР, НО БЕЗ ГОЛГОТА?
Многумина мислат дека Бог создал само едно небо, но Тој создал не едно, туку две. Многумина мислат дека Тој создал само една земја, но тој создал две. Но да почнеме од почеток...
Пред Бог да го создаде овој свет, кој го знаеме и во кој живееме, Он го создал духовниот свет, светот на ангелите. Пред создавањето на светот, кој го познаваме, се случил бунтот на Деница против Бог.