Дваесет и пет години од монашењето на нашиот Старец Партениј
Пред 25 години, на 5 август 1995 година, на Вечерната богослужба во чест на Светата Маченица Христина, во преславниот храм на Чесниот Претеча во Свештениот Бигорски Манастир, нашиот Старец, Игумен и Владика, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј го прими на себе светиот рамноангелски образ.
Свештениот и превозвишен чин на монашкиот потстриг беше извршен од нашиот сакан и почитуван архипастир, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј,