Светата Литургија е опит од Бога
Тоа е патување во Неговото Царство. Таму разбирате дека нашата вера не е само една убава идеја, туку е суштинска животна вистина. На светата Литургија присутен е Самиот Христос кој го допира нашето битие. А она што го допира Бог се преобразува во светлина. Се менува и се просветлува. Не се менуваат проблемите, туку ние. Ова е тајната што треба да ја разбереме, дека не треба да се промени нашиот живот, туку како гледаме на него и како го живееме.