Отец Василиј Термос: Покајанието како љубов – Примерот со Св. Марија Египетска
Следствено, покајанието е една промена на душевните сили на човекот, кој е поттикнат од љубовта. И затоа ги следи особеностите на љубовта на секого од нас. Значи, ако сакаме да одговориме на прашањето зошто не се каеме доволно, ако го чувствуваме тоа (секој ќе го констатира), можеби следниот чекор е да кажеме дека веројатно не Го љубиме доволно Бога и луѓето.