Божикна забава за децата со церебрална парализа
Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Тој го благослови овој собир и на сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им подели пакетчиња. Оваа година на забавата со своето присуство не почести и министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи.