Божествена Литургија во Соборниот храм (07.05.2023)
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, присуствуваше на Божествената Литургија во Архиепископскиот Соборен храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а во сослужение со архимандритот Васијан од Руската Православна Црква и со свештенослужители од Скопската епархија.