Оние што живеат јуначки – никогаш не умираат (20.10.2015)
За чувствителниот човек е подобро самиот да загине – за да го заштити својот ближен, отколку да покаже негрижа и кукавичлук, па целиот живот да го мачи грижа на совеста. Еднаш, за време на граѓанската војна, во некоја воена операција бунтовниците нѐ одвоија од селото. Војниците фрлаа коцка за кој да оди во селото да земе некои работи што ни беа потребни. Тогаш им реков: „Јас ќе одам“.