МЕСТОТО ЗА ПОДВИГ Е СЕКАДЕ ОКОЛУ НАС
Затоа ве молам што почесто да доаѓате во храмот и да го слушате читањето на Светото Писмо. Правете го тоа не само кога сте во храмот, туку и во домот земајте ги во рака Светите книги и ревносно наоѓајте во нив корист за себе. Зашто голема е користа од нив: прво, од читањето умот се просветува, и душата добива крилја и станува возвишена,