Јеромонах Григориј: “Дигитална токсикација“ - Невербална комуникација
Еден од клучните моменти за нашиот однос со останатите луѓе е невербалната комуникација. Додека разговараме со другите, ние процесираме многу сигнали: израз на лицето, тон на гласот, гестикулации на рацете и телото, контакт со очите, па дури и физичката оддалеченост од соговорникот. Овие невербални знаци се „душата" на нашата интеракција со другите луѓе.