св. Јосиф Спилеот:Поука
Така, секоја твар има свој сопствен глас, и кога ветерот ќе дувне, тогаш настанува хармонично и таинствено славење на Бога. Што да кажеме за ползачите, или за крилестите птици? Кога еден светител го пратил својот послушник да им каже на жабите да замолчат за да ја довршат Полуноќницата, тие му одговориле: Чекајте малку, најпрво ние да ја довршиме Утрената Богослужба."