Бигорски одликуван со Орден за заслуги за државата
Денес, во особено свечена и достоинствена атмосфера во претседателската резиденција на Водно, а по повод големиот јубилеј: „1000 години Бигорскиот Манастир“, Претседателот на државата, г. Стево Пендаровски го додели високото државно признание „Орден за заслуги за државата“. Орденот му беше врачен на нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, во присуство на: Премиерот на Владата г. Зоран Заев, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент,