Да им го покажеме Христос на нашите деца
Најтрагичен момент за еден свештеник е да крсти едно дете и никогаш повеќе да не го види во храмот. Да ја земеш таа прекрасна Божја креација во своите раце, да ја подигнеш во името на Света Троица и да не ја видиш повторно. И мојот внатрешен крик прашува : ‘’Зошто?”
Постојат „родители“ кои го крштеваат своето дете заради името и не се заинтересирани за неговиот духовен развој и спасение. Пијано, балет, француски јазик, но ниту збор за Небесното Царство и спасението на душата.