† СВ. АТАНАСИЈ И КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ, 2020г.
Свети Атанасиј живеел во IV век, во време кога Црквата со Миланскиот едикт во 313 г. ќе добие слобода за јавно исповедање на христијанството. Но, затоа ќе се јават внатрешни сотресенија, кои уште повеќе ќе ја вознемират Црквата Христова со лажните еретички учења за Синот Божји. Така, еден презвитер од Александрија по име Ариј ќе почне погрешно да проповеда за второто лице на Света Троица, а ќе добие поткрепа и од византискиот двор. Со ова учење, тој ќе нанесе големи штети на Црквата.