.Човечкото срце – слично на сад. Она што е садот, тоа е и срцето човечко, вели истиот светител.
Што ни говори Светото писмо за создавањето на човекот?
Светото писмо во однос на создавањето на светот ни го откри тоа дека во почетокот Бог ги создал небото и земјата. Земјата била неоформена (или без облик, односно го немала изгледот кој нам ни е вообичаен) и пуста. Затоа, Бог постепено го создал (сето она што е на небото и на земјата). Во првиот ден – постоењето на светот. Во вториот ден – тврдината, или видливото небо. Во третиот: водата на земјата, почвата и растенијата.