с.Љубанци, 13ти март 2019 год.
Женски манастир посветен на св.Никола
Литургија на Претходноосветени дарови во манстирот на св. Никола, с.Љубанци
Во средата од првата седмица од Великиот Пост, на 13ти март 2019 г., во манастирот на св. Никола во село Љубанци,отец Звонко отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
„Вака вели Господ: Од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово. И ќе им суди Он на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои - во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна. О, доме Јаковов! Дојдете, ќе одиме во Господовата светлина. Но Ти го отфрли Својот народ, домот Јаковов, зашто тие примија многу од источните зла, и маѓесници си имаат како Филистејците и општат со синови на туѓинци. Се исполни земјата негова со злато и сребро, богатствата крај немаат; се исполни земјата негова со коњи, колите негови број немаат. Се исполни земјата негова со идоли: тие се поклонуваат на изработката од своите раце, на она што нивните прсти го направиле. Се поклонува ли човек, и се понижува ли маж - не простувај им. Влези во карпата и сокриј се во земјата од страв пред Господа и од славата на Неговото величие. Ничкум ќе паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај луѓето, ќе се понизи; а само Господ ќе стои високо во тој ден.“
Preminportal.com.mk (к.т.)
Друго:
пп